Прирачник за полагање стручен и приправнички испит

Според Законот за државните службеници, Агенцијата за државни службеници е надлежна да го организира и спроведе полагањето на стручниот и приправничкиот испит на кандидатите кои се пријавиле на огласите за вработување на државни службеници во органите на државната служба.

Работејќи на остварување на своите функции и стратешки определби за зголемување на транспарентноста на својата работа и осигурување дека заинтересираните страни секогаш ќе ги добијат бараните услуги со највисок квалитет, Агенцијата ги презентира содржините на Прирачникот за полагање стручен и приправнички испит.

Целта на ваквиот начин на презентација е да се олесни пристапот до овој многу значаен ресурс за идните државни службеници, кои се пријавуваат за вработување во државната служба. На овој начин сакаме да помогнеме и во намалувањето на трошоците кои кандидатите ги правеа досега, поради потребата да дојдат во седиштето на Агенцијата и лично да го подигнат својот примерок од прирачникот.

Убедени сме дека овој потег ќе биде прифатен од најшироката јавност во државата и дека ќе биде мал придонес кон зголемувањето на профилот на Агенцијата и нејзиниот кредибилитет како гарант на државната служба.

Доколку сте заинтересирани за содржината на прирачникот, се што треба е да го одберете поглавјето кое ви е потребно и ќе го добиете во погоден формат (.pdf) за читање или печатење.

Грижејќи се за начелото на правична застапеност, особено сакаме да истакнеме дека Прирачникот, покрај на Македонски јазик, исто така, е достапен и на Албански јазик.

СОДРЖИНА

Поглавје I. 3A OCHOBHИTE ПРАВНИ ПОИМИ (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје II. CУBEPEHИTЕТ (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје III. OCHOBHИ СЛОБОДИ И ПРАВА НА ЧОВЕКОТ И ГРАЃАНИНОТ (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје IV. ПОЛИТИЧКО ПРЕТСТАВУВАЊЕ, ИЗБОРИ И ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје V. ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВЛАСТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје VI. СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје VII. ПРЕТСЕДАТЕЛ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје VIII. ВЛАДА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје IX. ОРГАНИ НА ДРЖАВНАТА УПРАВА (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје X. СУДСТВО (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје XI. ЈАВНО ОБВИНИТЕЛСТВО (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје XII. УСТАВЕН СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје XIII. НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје XIV. СОВЕТ ЗА МЕЃУНАЦИОНАЛНИ ОДНОСИ (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје XV. СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје XVI. ЛОКАЛНА САМОУПРАВА (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје XVII. СИСТЕМОТ НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје XVIII. ДРЖАВЕНИ СЛУЖБЕНИК (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје XIX. УПРАВНА ПОСТАПКА (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје XX. БУЏЕТСКИ И ДАНОЧЕН СИСТЕМ (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје XXI. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје XXII. ЕВРОПСКА УНИЈА (Македонски јазик - Албански јазик)

Поглавје XXIII. ИНФОРМАТИЧКА И КОМУНИКАЦИСКА ТЕХНОЛОГИЈА (Македонски јазик)

пребарување
 
 

© Агенција за Државни Службеници 2002-2010. Сите права задржани.

Адреса: Јуриј Гагарин, 15 1000 Скопје
т: ++ 389 (0)2 3094-200 | ф: ++ 389 (0)2 3082-937 | e-mail:
kontakt@ads.gov.mk