ПочетнаПРАВНА РЕГУЛАТИВАПравилници на АДС
Со овој правилник се пропишува содржинта и формата на годишниот извештај за спроведен надзор на примената на Законот за државните службеници и прописите донесени врз основа на овој закон, во органите од член 3 став (2) и член 3-а од истиот закон
Со овој правилник се утврдува содржината и формата на годишниот извештај за изречените мерки за утврдена дисциплинска и материјална одговорност на државните службеници
Со овој правилник се пропишува содржината и начинот на подготвување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места во органите од членот 3 став (2) и 3-а од Законот за државните службеници
Со овој Правилник се утврдуваат содржината и формата на полугодишниот извештај за спроведени специјализирани обуки за државните службеници
Со овој правилник се пропишува начинот на вршење надзор над спроведувањето на Законот за државните службеници и прописите донесени врз основа на овој закон, во органите од член 3 став 2 и член 3-а од овој закон.
Со Етичкиот кодекс се уредени начинот на однесувањето и работењето на државните службеници, со цел да се обезбеди почитување на принципите на законитост, професионален интегритет, ефикасност и лојалност при вршењето на службените должности.
Со овој правилник се уредени прашањата поврзани со стручниот и приправничкиот испит за државни службеници. Особен акцент е даден на утврдувањето на критериумите за спроведување на испитите. Исто така, со овој правилник е утврдена и Програмата за полагање на стручен и приправнички испит.
Еден од клучните правилници, со кој се уредени критериумите и стандардите за селекција и вработување на државни службеници. Исто така, со овој правилник е уредена и постапката за вработување.
Со овој правилник се утврдува формата и содржината на обрасците со кои се прибираат податоци неопходни за Регистарот на државните службеници. Врз основа на ваквите податоци на годишно ниво, Агенцијата подготвува извештај.
Во овој правилник е уреден начинот и постапката на оценувањето на државните службеници, како и формата и содржината на неопходните извештаи и обрасци. Подолу може да се преземе текстот на важечкиот правилник, но и текстовите на правилниците кои престанале да важат.
Со овој Правилник се уредува начинот на водење на дисциплинска постапка за утврдување на дисциплинска одговорност на државните службеници, во прв степен.
Со овој правилник се уредени содржината и начинот на публикување на податоците од Регистарот на државни службеници.
Врз основа на Закноот за државните службеници, Агенцијата донесе Упатство за содржината на годишниот план за соодветна и правична застапеност на заедниците чија цел е на органите на државната служба да им го олесни исполнувањето на обврската за подготвување на годишни планови за правична и соодветна застапеност на заедниците.
Co ова упатство се пропишуваат поблиските критериуми за доделување парична награда на државните службеници
Пребарување
 
 

© Агенција за Државни Службеници 2002-2010. Сите права задржани.

Адреса: Јуриј Гагарин, 15 1000 Скопје
т: ++ 389 (0)2 3094-200 | ф: ++ 389 (0)2 3082-937 | e-mail:
kontakt@ads.gov.mk