УПАТСТВО ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДРЖАВЕН СЛУЖБЕНИК

  

Почитувани кандидати,

Поради појаснување на постапката за вработување на државни службеници, Агенцијата за државни службеници им овозможува на сите заинтересирани кандидати да се информираат за начинот и постапката на спроведување на испитот за државен службеник, со што изведувањето на овој дел од активностите на Комисијата за полагање на испитот за државен службеник би се одвивало поефикасно. Подолу во Упаството се наведени најчесто поставуваните прашања со нивните одговори од прашањата што можат да бидат поставени од страна на кандидатите кoи се заинтересирани да го положат испитот за државен службеник.

 

Прашање: Како може кој било граѓанин на Република Македонија да полага испит за државен службеник?
Одговор: Агенцијата за државни службеници ги повикува да полагаат испит за државен службеник само оние кандидати, кои уредно се пријавиле на кој било јавен оглас каде ги исполнуваат условите (огласот излегува во два дневни весника и на web-страната
www.ads.gov.mk). Кандидатите кои аплицирале за работни места без работно искуство (помлад референт и помлад соработник) полагаат само општ дел од испитот за државни службеници.

П: Од што се состои испитот за државни службеници?
О: Испитот се состои од два дела: општ и посебен дел. Во секој дел има по дваесет прашања, вкупно се четириесет прашања.
Општиот дел од тестот содржи прашања од областа државен систем и информатика;
Посебниот дел од тестот содржи прашања кои се однесуваат конкретно на работното место за кое полагаат;

П: Каде може да се најде материјалот кој е потребен за подготовка на испитот за државен службеник?
О: Материјалот за општиот дел се наоѓа на web страната на Агенцијата за државни службеници (
www.ads.gov.mk), додека материјалот за посебниот дел од тестот кандидатите треба го побараат во органот каде што аплицирале, односно органот за чиишто потреби е објавен огласот.

П: Како  се бодуваат прашањата?
О: Во општиот дел максимум поени кои може да се освојат е 30 поени (1,5 поен носи секое прашање, граница за успешно положување е 21 поен), во посебниот дел од тестот максимум поени кои може да се освојат е 30 поени (1,5 поен носи секое прашање, граница за успешно положување е 21 поен)

П: Што доколку кандидатот аплицирал на повеќе работни места?
О: За секое работно место кандидатот полага посебен тест. Првпат, кога се вклучува во апликацијата за полагање на испит за државен службеник добива тест од општ дел со посебен пин код. Доколку општиот дел е успешен, кандидатот има право да решава за посебниот дел од тестот. Во овој случај кога кандидатот вторпат, ќе се вклучи во апликацијата за полагање стручен испит, добива само посебен дел од тестот, односно само прашања за работното место. Ако општиот дел од тестот е неуспешен, кандидатот нема право да решава тестови за другите работни места за тој оглас.

П: На кој начин кандидатот добива потврда за положен испит за државен службеник?
О: За оние кандидати кои првпат полагаат стручен испит, Агенцијата за државни службеници им овозможува да добијат потврда за положен испит за државен службеник. Потврдата се издава за положен општ дел и важи две години. Ако еднаш полагал и добил потврда, следниот пат кога кандидатот ќе дојде да полага испит за државен службеник за кој било оглас, системот го препознава по матичниот број.

П:
Дали може кандидатот кој добил потврда повторно да го полага целиот испит и на кој начин се јавува за тоа?
О: Иако не поминале две години откако ја добил потврдата, кандидатот има право да се откаже од истата, ако не е задоволен од поените кои ги добил при претходното полагање и повторно да го полага целиот тест т.е двата дела. Кога ќе се појави на денот на полагање на стручниот испит, пред да почне со тестот кандидатот пријавува кај Комисијата за полагање на испит за државен службеник дека сака да се откаже од потврдата и потоа не треба да презема никави дејства кои би ја попречиле деактивацијата на потврдата, односно треба да ги следи инструкциите кои ќе ги добие од членот на Комисијата. Но, при деактивацијата на потврдата, важно е кандидатот да знае дека нема право да го преполага испитот доколку не изминале 90 денови од добивањето на потврдата и дека доколку при второто полагање не положи за да добие потврда, т.е тестот е неуспешен, онаа потврда која претходно е деактивирана не важи. Следниот обид за повторно добивање на потврда кандидатот може да го направи на истиот начин-со пријавување на кој било јавен оглас.

П: Дали треба на денот на испитот за државен службеник, потврдата да се покаже пред  Комисијата?
О: Не. На денот на полагање на стручниот испит, кандидатот треба да има со себе само документ за идентификација (лична карта или пасош). Потврда за успешно полагање на стручниот испит за секој кандидат заедно со резултатите постои во компјутерскиот систем на Агенција за државни службеници и со самото внесување на матичниот број ситемот има информација за положениот испит.

П: Што следува по завршување на испитот за државен службеник?
О: Откако ќе заврши испитот за државен службеник, оние кандидати кои влегле во ранг листата од најуспешни пет кандидати за кое било работно место, Агенцијата за државни службеници ги известува со смс порака да ги достават потребните документи за да продолжи понатаму постапката за вработување на државен службеник.

П: Кое работно искуство се вреднува?
О: За валидно работно искуство, Агенцијата за државни службеници ќе го смета секое работно искуство кое кандидатот го стекнал по завршување на образованието, а кое истиот може да го докаже со извод од Агенцијата за вработување, потврда од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, договор за работа на дело или потврда од кој било работодавач.

П: Кога се доставуваат документите?
О: Откако ќе заврши интервјуто, Комисијата врши избор од тројца најуспешни кандидати кои понатаму му се предложуваат на генералниот/државниот секретар, или раководното лице. Генералниот/државниот секретар, или раководното лице врши избор на најуспешниот кандидат, кој треба да достави документи во органот каде е извршен изборот. Уредните документи на кандидатот се прегледуваат, ако се уредни документите, изборот може да се изврши. Доколку постои неуредност во документите, истите се враќаат на кандидатот на домашна адреса. Тогаш се бараат документи од второрангираниот.

Ако имате прашања што не се одговорени со ова Упаство, ве молиме контактирајте не на  е-mail:
kontakt@ads.gov.mk

Пребарување
 
 

© Агенција за Државни Службеници 2002-2010. Сите права задржани.

Адреса: Јуриј Гагарин, 15 1000 Скопје
т: ++ 389 (0)2 3094-200 | ф: ++ 389 (0)2 3082-937 | e-mail:
kontakt@ads.gov.mk