ПочетнаЗА НАС

За нас

Кога е формирана Агенцијата?
На 29 август 2000 година, кога е назначен првиот директор на Агенцијата за државни службници. 

Зошто е формирана Агенцијата?
Државните службеници работат во државните органи, во органите на државната управа, во органите на судската власт и во органите на општинската власт. Ваквата поставеност налага централно организирање на државните службеници и воспоствување на единствени стандарди. 

Промените, напредокот и развојот ќе бидат одржливи, само ако државните службеници и системот на државна служба се способни да ја обезбедат потребната поддршка.  Агенцијата постои за да обезбеди стабилност и сигурност, дека државните службеници и системот на државната служба, располагаат со неопходните капацитети да им помогнат на централните и локалните власти да ги спроведат своите програми и политики.

Кој раководи со Агенцијата?
Со Агенцијата раководи директор, кој има заменик, кои ги именува и разрешува Собранието на Република Македонија, со мандат од шест години. 

Извршен раководител на Агенцијата е нејзиниот Генерален секретар, кој се назначува од редовите на раководните државни службеници вработени во Агенцијата, а нему му помагаат државните советници и раководителите на сектори. 

Што работи Агенцијата?

Агенцијата има четири основни функции, односно обезбедува и спроведува четири категории на услуги за органите во кои работат државни службеници, вклучувајќи:


1. Независна заштита и грижа за прописите за државна служба и принципите на кои се засновани.

   • Ја следи и анализира постојната законска регулатива и нејзиното единствено и доследно спроведување, вклучувајќи го Етичкиот кодекс на државните службеници, 

   • Подготвува и донесува подзаконска регулатива во врска со државната служба, 

   • Подготвува мислења и согласности, за одделни аспекти на Законот за државните службеници и подзаконските акти


2. Единствена рамка за развој и управување со човечките ресурси.

   • Развива, ги спроведува и координира политиките за управување со човечки ресурси, 

   • Развива политика за вработување на државни службеници, заснована на принципите на стручност и компетентност, соодветна и правична застапеност и еднакви можности за сите,

   • Развива политика за платите и надоместоците на плати, оценувањето, стручното усовршување и обуката, и дисциплинската одговорност на државните службеници, 

   • Воведува организациски стандарди и стандарди за работа за севкупната државна служба, вклучувајќи ја класификацијата и описите на звањата и на работните места,

   • Развива и го спроведува Националниот систем за координација на стручното усовршување и обуката на државните службеници,

   • Промовира ефикасно и ефективно работење на државните службеници,

   • Води Регистар на државни службеници.


3. Независен механизам за селекција и вработување на државни службеници.

   • Агенцијата е регрутен центар за државни службеници. Ги објавува јавните огласи за вработување, го спороведува стручниот испит како почетна основа за влез во државната служба и учествува во внатрешниот трансфер на државните службеници во соработка со органите на државната и локалната власт.


4. Второстепен систем за заштита на правата на државните службеници.

   • Како второстепен орган, одлучува по жалби и приговори на државните службеници, во врска со донесените одлуки и решенија од страна на нивните претпоставени, 

   • Пропишува на правила на работењето, кога одлучува по жалби и приговори како второстепен орган.

Пребарување
 
 

© Агенција за Државни Службеници 2002-2010. Сите права задржани.

Адреса: Јуриј Гагарин, 15 1000 Скопје
т: ++ 389 (0)2 3094-200 | ф: ++ 389 (0)2 3082-937 | e-mail:
kontakt@ads.gov.mk