Почитувани кандидати !!!

    Заради реализација на комплетната постапка за кој било јавен оглас, потребни Ви се следните документи:

    - кратко CV (со контакт телефон и адреса)
    - државјанство
    - лекарско уверение за вработување (не постаро од 12 месеци)
    - уверение за завршено образование (што се бара за местото за кое аплицирате)
    - доказ за работно искуство во струката
    (Веродостоен доказ би бил потврда од Агенција за вработување на РМ, потврда од Фондот за ПИО на РМ, потврда од било кој работодавец или договор на дело. Согласно член 30 од Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи („Сл.весник на РМ број 106/2008“) од 05.11.2008 година, АДС не ја прифаќа работната книшка како доказ за работно искуство)
    - други документи предвидени во посебните услови за работното место каде што Вие аплициравте (сертификати, потврди и други).

    Бараните документи треба да ги доставите во оргинал или копија заверена на нотар.

    Документите се доставуваат до органот за чии потреби е објавен јавниот оглас.

    Доколку ви се потребни дополнителни информации Ви стоиме на располагање.

    Пребарување
     
     

    © Агенција за Државни Службеници 2002-2010. Сите права задржани.

    Адреса: Јуриј Гагарин, 15 1000 Скопје
    т: ++ 389 (0)2 3094-200 | ф: ++ 389 (0)2 3082-937 | e-mail:
    kontakt@ads.gov.mk