ПочетнаМРЕЖА за човечки ресурси
НОВО!!!
Целта на Акцискиот план е постигнување на задоволително ниво на квалитативна и квантитативна екипираност на секторите/одделенијата за управување со човечките ресурси во органите на државната служба.
На 9 септември 2009 година се одржа конститутивна годишна конференција на Мрежата за управување со човечките ресурси во државната служба, под наслов „Управување со човечките ресурси” во организација на Агенцијата за државни службеници, Секретаријатот за европски прашања и Генералниот секретаријат на Владата на РМ поддржана од СПФРЕ проектот – „Градење на административните капацитети за ЕУ интеграции“.
Градењето на административните капацитети на државните службеници, како дел од реформата на јавната администрација, подразбира инвестирање во кадри и воспоставување на стандарди за раководење со луѓе, како дел од процесот на зголемување на продуктивноста и ефикасноста на вработените во државната служба. Во овој контекст, ќе се воспостави Мрежа на одделенија/сектори за управување со човечките ресурси (МЧР), чиј координатор ќе биде Агенцијата за државни службеници (АДС).

- Дата база (.xls 75 kb) со контакт податоци на членовите на Мрежата за управување со човечките ресурси

Пребарување
 
Публикации
Стандарди за управување со човечки ресурси
 

© Агенција за Државни Службеници 2002-2010. Сите права задржани.

Адреса: Јуриј Гагарин, 15 1000 Скопје
т: ++ 389 (0)2 3094-200 | ф: ++ 389 (0)2 3082-937 | e-mail:
kontakt@ads.gov.mk